понеделник, 28 ноември 2016  |  Вести денес: 89

Сообраќајот без забрани, по претежно влажни коловози

guzva-na-patistata-niz-makedonija

Поврзани вести

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и по претежно влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Најчитани вести