вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 57

Сообраќајот без забрани по суви коловози

patista6_0

Поврзани вести

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози.  Обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата. И  патниот правец Скопје – Македонски Брод преку НП Јасен е пуштен за сообраќај за лесни возила / автомобили каде се препорачува внимателно управување на делот кај село Близанско.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен,  додека на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Најчитани вести