Сообраќајот без забрани, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози.  Магла со видливост од 50 до 100 метри има во Тетово, Маџари, Куманово, Македонски Брод, Сарамзалино, Делчево, Неготино, Удово, Кула, Петровец.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.