Сообраќајот без забрани, пренасочување кај Војшанци

Сообраќајот на патиштата низ држвата се одвива без забрани по суви коловози.

Единствено на регионалниот пат Р-2137 пред населеното место Војшанци поради деформации на мостот, сообраќајот се пренасочува преку мост на реката Вардар.

Надвор од градските средини, интензитетот на сообраќај е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.