Сообраќајот без забрани, слаб снег на планинските превои

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива без забрани по влажни коловози.

Автомото сојузот на Македонија информира дека на Стража, Маврово, Павлешенци, Пресека, Ѓавато, Буково и Крушево провејува слаб снег.

На патниот правец Велес – Гевгелија кај клучката Смоквица денеска од 8 до 14 часот има геодетско снимање од страна на ГЕИНГ за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Надвор од градските средини интензитетот на сообраќајот е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања.