Сообраќајот без забрани, слаб снег во Крушево, магла на Стража

магла

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози во западниот дел од државата, каде на некои повисоки места има мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“. Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.