Македонија

Сообраќајот без застој, по суви коловози

Сообраќајот без застој, по суви коловози

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива  без забрани и застои, по претежно суви коловози, освен на осојничавите места, соопшти АМСМ.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.