Сообраќајот интензивиран, нема задржувања на граница

Зголемен е интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.