четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 51

Сообраќајот на Мелнички мост на патот Маврово – Дебар по една коловозна лента

amsm

Последни вести

Поради изведување работи на пат, сообраќајот на магистралниот пат Маврово – Дебар, на Мелнички мост, од денеска до понеделник ќе се одвива по една коловозна лента, наизменично, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

АМСМ претходно информираше и дека делницата помеѓу Бистренци – Корешница на регионалниот патен правец Војшанци – Бистренци – Корешница, од денеска до сабота ќе биде затворена за сообраќај за сите видови возила поради изведување градежно-асфалтерски работи.

Сообраќајот утрово на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Најчитани вести