среда, 22 март 2017  |  Вести денес: 45

Сообраќајот на патот Прилеп-Битола-Ресен во прекин

amsm

Поврзани вести

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови и по наместа влажни коловози. Поради ниските температури можна е појава на голомразица.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Скопје-Македонски Брод преку ЈПУЗПП ЈАСЕН е непрооден.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

РАБОТИ НА ПАТ:

Градежната компанија Трансмет Доо Скопје изведува градежни работи за реконструкција на државен пат А2, делница: Обиколница Скопје, од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци. Со почеток од 02.12.2016 година се воведува времена измена на режим на сообраќај, согласно Одобрение број 22.2-72149/2 со датум 18.11.2016 година издадено од Министерството за транспорт и врски на РМ, односно сообраќајот се одвива по левата коловозна лента /правец клучка Сингелиќ-клучка Стајковци/ во двата правци а десната коловозна лента е затворена за сообраќај заради изведување градежни работи.

Од 03.12.2016 година извршена е измена на режимот на сообраќај на делница автопат Куманово-Скопје од 29+600 до 30+772 километар, населба Миладиновци. Затворена е за сообраќај лентата за застанување каде се одвиваат градежни работи, а сообраќајот се одвива по брзата и средната лента.

ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 (вторник) ќе воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот ке се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

Од 20.06.2016 година е воспоставена времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с.Кадрифаково – клучка кај с.Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.

Oд 15.01.2016 година, на патниот правец Кадрифаково – Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 08:00 – 16:00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО врши геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено, се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од Клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.

Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204. Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на собраќај бр.1005 од 28.мај.2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија .

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
– и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Патниот правец Р2137 Неготино – Војшанци поради санација на мостот на река Вардар е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува преку патниот правец Р2137 Војшанци – Бистренци – Корешница – Демир Капија и обратно.

На 27.11.2016 година во 11:30 часот целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Најчитани вести