Сообраќајот од Штип кон Велес по една коловозна лента поради сообраќајката во која загина едно лице

Сообраќајот од Штип кон Велес се одвива по една коловозна лента, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.

Поради сообраќајна незгода на магистрален пат Штип-Велес, кај раскрсницата за село Црнилиште, сообраќајот на патниот правец Велес-Штип од 14:15 часот беше во целосен прекин.

Во тешката сообраќајка што се случила околу 14 часот, загина едно лице.

Според информациите, несреќата се случила меѓу автобус со велешки регистарски таблички и автомобил марка „шкода“ со скопски регистарски таблички, кои се движеле во спротивни правци.

Во несреќата животот го загубил возачот на автомобилот, чиј идентите сѐ уште не е утврден.