Сообраќајот се одвива без забрани и застои

АМСМ соопшти дека од 07:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила на Стража,  Маврово и Пресека.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. Намалена видливост поради магла има во Битола и Македонски Брод до 100 метри, како и на Плетвар до 50 метри, соопшти АМСМ.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.