Македонија

Сообраќајот се одвива без забрани, со умерен интензитет

Сообраќајот се одвива без забрани, со умерен интензитет

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по суви коловози на пониските места, додека пак на повисоките, планински и осојничави места се бележат наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Како што информира АМСМ, на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Можна појава на одрони на дел од патните правци

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

odroni

Од 15-ти Ноември на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.

Времен режим на сообраќај на дел од автопатите

Според ДЦС МВР, по извршената контрола и увид на поставената патна сигнализација за времена измена на режим на сообраќај заклучно со 28.12.2015 година, состојбата е следна: aвтoпат Велес – Куманово – сообраќајот се одвива по лентата за брзо возење, aвтопат Куманово – Велес – нема изменет режим,  aвтопат Скопје – Куманово – сообраќајот се одвива по десната сообраќајна лента сé до приклучокот на автопат Велес -Куманово, aвтопат Тетово – Велес – запрена е сообраќајната лента за принудно запирање на возила, а сообраќајот се одвива по сообраќајни ленти за возење и лента за престигнување.