Македонија

Сообраќајот се одвива нормално, времето студено и облачно

Сообраќајот се одвива нормално, времето студено и облачно

Сообраќајот на патишта низ цела Македониај се одвива тековно по местимично влажни коловози.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. На одредени патни правци кои поминуваат низклисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно студено со сончеви периоди. На планините повремено ќе провејува слаб снег, а долж Повардарието умерен, на моменти засилен ветер од северен правец.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 7 Целзиусови степени, Крива Паланка 6, Маврово 2, Охрид 11, Битола 12, Кавадарци 10, Берово 8, Дојран 14…

Утре времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, слаб до умерен северен ветер и дневни температуриод 3 до 10 степени.

И во четврток и петок времето ќе биде претежно сончево со студени утра и дневни температури од 6 до 13 степени.

ПУНКТТ(°C)ПУНКТТ(°C)ПУНКТТ(°C)
К.Паланка-1Струга-2Кочани-1
Страцин-2Ресен-3Делчево-2
Куманово-2Крушево/Смојмирово-3
Маџари-1Кичево-3Струмица-1
Тетово0М.Брод-2Велес0
П.Шапка-5Буково-2Неготино+2
Гостивар-1Ѓавато-2Д.Капија+2
Стража-5Плетвар-2Удово-1
Маврово-4Пресека-3Гевгелија+4
Дебар+1Железнец-1Кула-1
Битола+4Штип0Петровец-2
Прилеп-2Сарамзалино0
Охрид0Павлешенци-1