Сообраќајот се одвива по суви патишта

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.

Од 04 : 50 часот сообраќајот на патниот правец Гостивар – Кичево, кај мостот на реката Вардар, се одвива по една сообраќајна лента наизменично, поради паднато и попречено дрво од временските неприлики.

Интензитетот на сообраќај на патишта надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.