Сообраќајот се одвива по влажни коловози, можни се и одрони

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, се вели во извештајот од 12 часот на АМСМ.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Според информација од ЈП Македонија Пат, на патниот правец А3 Делчево – Македонска Каменица сѐ уште има свлечиште, а сообраќајот се одвива по направена девијација.