Сообраќајот се одвива по влажни коловози, слаб снег кај Буково

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Буково, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Според информација  од ДЦС МВР АМСМ информира дека денеска напладне здружението на оризопроизводители „Бело Злато“ ќе изврши блокада на магистралниот пат Кочани – Штип, во село Облешево.

Се уште е активна забраната за сообраќај  на патот обиколница Битола-Ресен на 70+300 км, каде има свлечиште. Сообраќајот е во прекин во двата правца, а како алтернатива е пренасочен преку Битола.

Продолжува прекинот на сообраќајот и на општинскиот пат село Долни Полог- село Облешево пред Кочанска река поради прекопан коловоз, а каде е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.

На патот Р1404 Марвинци – Балинци – Брајковци, под надвозникот кај клучка Марвинци поради излевање на каналите има вода на коловозот. Се препорачува користење алтернативен патен правец Удово – Валандово – Гевгелија и обратно.  Екипите од ЈП Македонија пат работат на расчистување и нормализирање на сообраќајот.