Сообраќајот се одвива по влажни коловози, возете внимателно

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по влажни коловози.

Од АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.