Сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози

Од Автомотосојузот на Македонија соопштија дека сообраќајот на сите државни патишта во земјава се одвива нормално, без забрани, по влажни коловози.

На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот (за возила со вкупна маса над пет тона) сообраќајот се пренасочува преку мост на река Вардар, врска А1 со Р-2137 (Демир Капија – Корешница – Војшанци).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.