Сообраќајот во земјава се одвива нормално

Сообраќајот на речиси сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

На патoт Пробиштип – Кратово поради појава на свлечиште, на влез во Кратово, воведена е забрана за движење на автобуси и товарни возила со тежина над 7,5 тони.

На патот Радовиш – Конче има свлечиште, поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На овој патен правец е воведена забрана за движење на тешки товарни возила.