Сообраќајот со зголемен интензитет надвор од градските средини

интензитет

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Во сила е  законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.