Сообраќајка кај Гостивар, еден тешко повреден

Утрово се случила сообраќајна несреќа на магистралата Гостивар-Кичево, во близина на „Здуњски мост“, во неа тешко повреден е скопјанецот Ѓ.П (41), .

Во тек е увид, а сообраќајот на оваа релација во обата правци е во прекин речиси два часа.

Според првичните сознанија на СВР Тетово, во несреќата учествувале камион „мерцедес“ со тетовски регистерски ознаки, кое го управувал Џ.К. (48) и „шкода-фелиција“ управувана од Ѓ.П. (41) од Скопје.

Во директниот судир, автомобилот бил многу оштетен, па повредениот бил изваден со интервенција на пожарникари. По укажаната медицинска помош во Гостиварската општа болница, како итен случај е пренесен на Скопските клиники.