Сообраќајка кај Прилеп, еден тешко повреден

Едно лице е потешко, а едно полесно повредено во сообраќајка што се случи попладнево на излезот од Прилеп, на патот за Македонски Брод, кај новите градски гробишта.

Несреќата се случила во 17 часот и 20 минути откако се судриле две патнички возила, „опел“ и „алфа ромео“ со прилепски регистрации. Во двете возила имало петмина патници меѓу кои и едно дете.

Повредените се префрлени во прилепската градска болница и се надвор од животна опасност.

Засега не се знаат причините за сообраќајната незгода. Увид направија јавниот обвинител и полицијата.