Сообраќајка на булеварот Борис Трајковски, двајца потешко повредени

Две лица се пресени во Ургентниот центар по сообраќајна несреќа која доцна попладнево се случила на булеварот Борис Трајковски во Скопје.

Во Ургентниот центар биле примени М.Б. и Д.М., но засега нема информации за карактерот на нивните повреди.

Очевидци за порталот „Курир“ велат дека автомобил „ауди“ излетал од патот, по што удрил во бандера.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.