Сообраќајка на „Партизанска“, повреден мотоциклист

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа која попладнево се случи на булеварот „Партизански Одреди“.

Според информациите до кои дојде Курир, во несреќата учествувале мотоцикл со скопски регистерски таблички и „Цитроен“ со струмички ознаки.

По судирот повредениот возач на мотоциклот бил пренесен во Градската болница „8. Септември“. Полицискиот увид е во тек.