Сообраќајка на патот Куманово – Свети Николе, момче тешко повредено

Во сообраќајна несреќа што се случи попладнево, околу 17 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе  во населбата „Иго Тричковиќ“ едно момче е тешко повредено.

Како што јавува МИА, во кумановската болница момчето е примено со повеќе повреди, по што е упатено во скопскиот Клинички центар.

– Примено е дете на 12-13 години со повреди здобиени од удар на моторно возило. Детето се здобило со тешки телесни повреди. Има тешка повреда на главата, на двете потколеници и на градниот кош. По укажаната помош, со медицинска придружба и лекар тоа е префрлено на една од скопските клиники, изјави доктор Борче Божиновски, дежурен хирург од Општата болница Куманово.

Полицијата се уште врши увид на местото на несреќата, а според првичните информации во момчето, кое тргнало по топката на патот, удрил автомобил марка „Мерцедес“ А класа со кумановски регистарски таблички.

Од СВР Куманово најавија повеќе детали по завршување на увидот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.