Сообраќајка на патот Тетово-Јажинце, десет лица повредени

Четири возила, од кои два автомобили, едно комби и еден трактор учествувале во сообраќајната несреќа што денеска околу 13. 30 часот  се случила на регионалниот пат Тетово-Јажинце на влезот во селото Слатино.

Според полицијата,  десет лица се повредени и веднаш се префрлени во тетовската клиничка болница каде што им е укажана медицинска помош и се врши утврдување на видот и карактерот на повредите.

Во сообраќајката, за која причините се уште се непознати, учествувале автомобили „Мерцедес“ и „Фолксваген Пасат“, како и комби возило „Фолксваген“, сите со тетовски регистарски таблички и трактор без регистарски таблички.

Полицијата во моментот врши увид на местото од сообраќајката и работи на утврдување на причините како дошло до неа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.