Сообраќајка на патот Жеровјане-Радиовце – седумина повредени

Седум лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово околу 8 часот се случила на локалниот пат Жеровјане-Радиовце во близина на мостот за Радиовце, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци во несреќата учествувале две патнички возила, „фолсфаген голф“ со прилепски регистерски таблици управуван од Д.П. (26) од Сенокос-Долнени и „Мерцедес“ со тетовски таблици што го управувал Ш.С.(34) од Голема Речица.

– Во несреќата, сопатник од „голфот“ се здобил тешки телесни повреди, со телесни повреди завршиле двајцата возачи, како и три сопатнички од „голфот“ и еден сопатник од „мерцедесот“. Со други возила повредените биле пренесени во тетовската клиничка болница и по укажана лекарска помош четири лица се задржани на болничко лекување, а три се пуштени дома. Извршен е увид и се утврдуваат причините за несреќата и другите поединости, истакна Јосифовски.