Сообраќајка на Стража: „Ауди“ излета од патот, шест млади повредени

Шест лица се повредени откако возачот изгубил контрола над автомобилот и излетал од патот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи синоќа околу 22 часот се случила сообраќајна незгода на превојот Стража на магистралниот пат Кичево-Гостивар.

Полицијата соопшти дека 21-годишниот Б.Л. од Скопје изгубил контрола над автомобилот „ауди“ и заедно со петте сопатници излетал од патот и се запалиле.

Четири девојки и две момчиња се повредени во тешка сообраќајна несреќа која вчера околу 22 часот се случила на магистралиот пат Кичево-Гостивар во близина на Стража.

Во несреќата со повреди се здобиле девојките А.В., 20-годишната  Л.А. и три години постарата С.С. , сите од Скопје, кои заедно со возачот поради тешките повреди од медицинскиот центар во Кичево се пренесени во Ургентниот центар во Скопје. По укажаната лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување освен 20-годишната Л.А. која е задржана на понатамошно лекување.

Во сообраќајната несреќа полесно повредени се 22-годишниот скопјанец Д.Д. и 16-годишната Б.М. од Португалија, кои се пренесени во охридската болница „Св. Еразмо“.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата.