Македонија,Крими хроника

Сообраќајка во Аеродром, повредени две момчиња и девојка

Сообраќајка во Аеродром, повредени две момчиња и девојка

Автомобил Ауди -А3 со голема брзина удрил во бандера на булеварот Јане Сандански во населба Аеродром во близина на трговскиот центар Скопјанка.

Неофицијално во несреќата која се случила околу еден часот по полноќ се повредени две момчиња и една девојка, јавува Канал 5.

Со возило на Брза помош тројцата повредени веднаш се пренесени во една од скопските болници.

Тешката сообраќајна несреќа според неофицијални информации е резултат на трка во која учествувале два автомобили.

Неофицијално, освен Аудито А3 кое е преполовно на половина откако се забило во бандера на тротоарот учесник во сообраќајката е и Опел со скопски регистерски таблички.

Според информациите кои ги соопштија полициските службеници кои правеа увид на лице место нема загинати, но едно од лицата учесници има скршеница на пршлен и ребро.