Сообраќајка во битолско, три лица повредени

Tри лица се повредени во сообраќајна несреќа која што се случила попладнево на патниот правец Ресен- Битола.

Автомобилот, според првичните информации, излетал од патот, а лицата кои што биле внатре биле пренесени во болница.

Увидот од полицијата ќе ги открие причините на оваа сообраќајна несреќа.