Сообраќајка во Кисела Вода: Четири лица на Ургентен

Четири лица завршија на Ургентен  откако се здобиле со повреди во сообраќајка која се случила утринава во Кисела Вода.

Според првичните информации од скопската полиција, утринава, околу 8.45 часот, се случила сообраќајна незгода на булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода, пред бензинската пумпа на „Лукоил“.

До несреќата дошло кога директно се судриле два автомобила со скопски регистарски таблички,  „Тојота“ и „Шевролет Калос“. Во несреќата со повреди се здобиле возачот на „тојота“-та и уште три лица кои се возеле во „шевролет“-от. Сите се пренесени на Ургентниот центар во Скопје.

Од полицијата соопштија дека во моментов се врши увид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.