Сообраќајка во Лисиче, загина 22 годишно момче

Сообраќајна несреќа во која животот го загуби 22 годишно момче се случила попладнево на локалниот пат од Долно кон Горно Лисиче.

Несреќата се случила кога 22-годишниот Александар Ѓ. управувајќи со автомобил Југо, удрил во дрво.

Момчето со Итна медицинска помош било пренесено во болница каде им подлегнало на повредите.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид.