Македонија,Крими хроника

Сообраќајна несреќа накратко го прекина сообраќајот на правецот Куманово-Крива Паланка

Утринава се случи сообраќајна несреќа на патниот правец Куманово-Крива Паланка, при што дојде до краток прекин на сообраќајот кон граничниот премин со Бугарија.

„Околу 8.30 часот, возило марка „опел астра“ со скопски регистерски таблички управувано од Љ.К (53) изгубило контрола кај месноста Бунар, во атарот на селото Псаче и со бочниот дел од возилото удрил во автомобил марка „шевролет“ управувано од С.Ј (47) од Крива Паланка. Поради силината на ударот, автомобилот „астра“ се одбил и удрил во карпа. Поради тоа што патот е тесен, дојде до краток прекин на сообраќајот, но повторно е воспоставен во 10.30 часот,“ изјавија од МВР Куманово за Нетпрес.

Со лесни телесни повреди поминале двајца патници во автомобилот „опел астра“, како и возачот и сопатникот од „шевролетот“. Причинета е материјална штета.