Сообраќајна несреќа при брзина од 300 km/час

Во септември во повеќе медиуми беше објавен епилогот, а благодарение на видео снимката објавена од страна на унгарската полиција сега имаме прилика да видиме како се случила сообраќајната несреќа во која во целост изгоре автомобилот Lamborghini Hurricane.

За среќа возачот и совозачот ја преживејаа сообраќајната несреќа.

Видео снимката која е снимена со мобилен телефон покажува како возачот вози со брзина од околу 330 km/час на автопатот на кој има ограничување од 130 km/час.

Врз основа на снимката може да се заклучи дека автомобилот најверојатно поминал преку нерамнина на автопатот, по што автомобилот за миг изгубило контакт со коловозот, а возачот контролата над возилото.

Поради преголемата брзина немало можност да се поправи грешката и возилото ја пробило заштитната ограда и слетало во провалијата каде што се запалило и целосно изгорело.