Сообраќајно – едукативно предавање за поголема безбедност на децата во сообраќајот

Подигање на јавната свест за поголема безбедност на децата во сообраќајот е целта на настанот „Организирано преминување на деца на пешачки премин“ и сообраќајно-едукативно предавање за децата, што ќе се одржат денеска на булеварот „Јане Сандански“ во општина Аеродром.

Настанот  се одржува во рамки на кампањата за поголема безбедност на пешаците во сообраќајот во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот, Министерството за внатрешни работи и останатите партнери.