Македонија

Сообраќајот без забрани и застои, магла на Плетвар

Сообраќајот без забрани и застои, магла на Плетвар

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. Намалена видливост поради магла има на планинскиот премин Плетвар со видливост до 70 м, на патниот правец Куманово – Крива Паланка со видливост од 100 до 150 м и на патниот правец Велес-Катланово со видливост до 50 м.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Според информацијата од Геинг инженеринг, ве известуваме: За изработка на проектна документација за рехабилитација на патниот правец А1, делница Неготино – Демир Капија, од 18.02.2014 година започнати се геотехнички истражни работи за што е воведена времена измена на режим на сообраќај. Поставена е соодветна вертикална сигнализација за времен режим на сообраќај за работа на пат. Работите се изведуваат во временски период од 07:00 до 18:00 часот. Времетраењето на измената ќе биде до 12.03.2014.
Профил

Заради вршење на градежни работи за реконструкција и санација на мост на река Брегалница кај селото Долни Балван, Општина Карбинци, СЕ ЗАБРАНУВА сообраќајот во двата правци по локалниот пат село Долни Балван – село Таринци во период од 14.01.2014 година до завршување на реконструкцијата на мостот на река Брегалница.

На патниот правец А-1 Гевгелија- Скопје на надвозникот кај клучка Велес во должина од 300м. се изведуваат работи на пат за што е поставена соодветна вертикална сообраќајна и светлосна сигнализација, а сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента.

На патниот правец М.Каменица – Делчево (А3) на 2 км пред Делчево од 08.00 до 17.00 часот се изведува контролирано растеретување на косините поради што во одредени временски периоди сообраќајот се одвива со кратки застои наизменично по една коловозна лента регулиран со соодветна сообраќајна сигнализација. Работите на пат се очекува да завршат во текот на следната недела.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Од 15.11 2013 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2014 година. На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.

Патниот правец Р2 332, Охрид – Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора за сообраќај на сите возила од 15.11.2013 до 31.03.2014год.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.