Сообраќајот е тековен по наместа влажни коловози

Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози. Остатоци од снег има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, но не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На истиот патен правец има појава на магла со видливост до 50 метри.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.