Македонија

Сообраќајот кај Бигорски по една лента

Сообраќајот кај Бигорски по една лента

Патниот правец Маврово – Дебар кај манастирот Бигорски, кој беше во целосен прекин поради лавина, е прооден по една коловозна лента.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека се работи на негово целосно расчистување.

Винателно возење се препорачува и на патот Кочани – Македонска Каменица од селото Истибања до браната Калиманци каде поради одрони сообраќајот наместа се одвива по една коловозна лента.

Поради поголеми остатоци од снег на коловозот на патниот правец крак Маврово – Дебар сеуште останува забраната за движење на тешки товарни возила, а за патничките возила се препорачува употреба на зимска опрема.

Укинати се забраните за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка и на планинските премини Стража, Пресека, Буково, Ѓавато и Барбарас.