Сообраќајот Кичево-Охрид со едночасовен прекин

На патниот правец Кичево – Охрид, кај месноста Пресека – Врбјане, денеска од 15 до 16 часот сообраќајот ќе биде во прекин.

Од Автомотосојузот на Македонија информираат дека едночасовниот прекин на сообраќајот е поради изведување градежни работи –минирање.