Сообраќајот на магистралниот пат Скопје-ГП Блаце во прекин

Сообраќајот во двата правци на магистралниот пат Скопје-ГП Блаце е во прекин, а возилата се пренасочуваат поради сообраќајна несреќа во село Визбегово, информира Авто-мото сојузот на Македонија.

Оттаму потсетуваат дека се уште во прекин е и сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Ресен, на обиколницата кај Битола, поради појава на свлечиште. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.