Македонија

Сообраќајот на патиштата се одвива нормално

Сообраќајот на патиштата се одвива нормално

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб дожд се бележат во западниот дел од државата.

На патниот правец Маврово – Жировница – Дебар, поради поголем одрон кај месноста Јанче, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, во должина од 50 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Магла со видливост од 100 до 150 метри има на патниот правец Тетово – Гостивар, а на планинскиот премин Стража од 30 до 50 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.