Македонија

Сообраќајот на патот Струга – Ќафасан во прекин за сите видови возила

Сообраќајот на патот Струга – Ќафасан во прекин за сите видови возила

Од 07:00 часот поради обилни врнежи од снег, сообраќајот на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан е во прекин за сите видови на возила.

Поради остатоци од снег на коловозите, забрани за движење на тешки товарни возила има на планинските премини Стража и Пресека, како и на патните правци крак Маврово – Дебар и Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси. За патничките возила движењето е отежнато и се препорачува употреба на зимска опрема.