Сообраќајот на патот Удово-Валандово се одвива по една лента

Сообраќајот на патниот правец Удово – Валандово се одвива на една коловозна лента поради надоаѓање на поголема количина на вода од Калковска река, информираат од АМСМ.

На клучката кај село Марвинци, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

На локалниот пат Гевгелија – Смрдлива вода на местото „Длабок Дол“ поради свлечиште, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента.