Сообраќајот од Маврови Анови до Дебар целосно во прекин

Поради врнежи од снег во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Р1202 од Мавровска крстосница Маврови Анови до Дебар и обратно, а забрана за движење на тешки товарни возила е воведна на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево и на патниот правец Тетово-Попова Шапка каде има забрана и за движење на автобуси, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен., а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово- Велес, Маврово- Дебар- Струга, Демир Капија- Удово, Кочани- Делчево, Виница- Берово каде е можна почеста појава на одрони.