Сообраќајот од патниот правец Подмоље-Радожда пренасочен на магистралниот пат за Ќафасан

Поради изведување градежен зафат на патот Р1 208, Подмоље – Струга – Радожда (Стар пат), од 8 до 16 часот сообраќајот ќе биде пренасочен по магистралниот пат А2, Подмоље – Ќафасан.

Авто мото сојузот на Македонија упати апел до возачите за почитување на сообраќајната сигнализација.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна појава на одрони.