Сообраќајот се одвива без забрани, на граничните премини нема подолги задржувања

Сообраќајот низ државата се одвива без забрани, по суви коловози, освен на патиштата каде е воведена времена измена на режимот на сообраќај.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.