Сообраќајот се одвива без забрани по чисти коловози

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви и чисти коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, од македонската страна на премините.

МИА