Сообраќајот се одвива без забрани

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. На повисоките места има остатоци од снег на коловозите, но без поголеми проблеми во одвивањето на сообраќајот.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата