Македонија

Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози

Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, по претежно влажни коловози. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Слаби врнежи од снег се бележат во К.Паланка, Тетово, Стража, Маврово и Дебар, но не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Намалена видливост поради маглa има на  Плетвар вид. 50-100м

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат  се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.